Дисингер е искрен: Да имаше пари, Вардар ќе беше совршен (ВИДЕО)

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Германецот е воодушевен од одност на македонската публика кон Вардар и кон ракометот, па вели дека, кога станува збор за навивање личиме на нација од 10 милиони луѓе.

Многумина ракометари на РК Вардар последниве месеци зборуваа во медиумите за тешката состојба, неисплатените плати и последиците од тоа кај европскиот шампион. Последен е Кристијан Дисингер, кој иако во слична состојба како и сите други, има и убави зборови за спортскиот миленик на Македонија.

– Ако беа во ред финансиите, Вардар ќе беше перфектен клуб за секој ракометар. Нема друг клуб со ваква инфраструктура. Имате се на едно место, а имате и одлични луѓе кои работат со вас. Покрај тоа Македонците се луди по ракомет, тоа е прв спорт во државата. Иако Македонија има само два милиони жители, имате впечаток дека има 10 милиони луѓе, кога станува збор за ракометните настани – вели германскиот бек.

Дисингер ги демантира гласините дека ќе го напушти клубот, на што има потполно право, и вели ќе остане сигурно до крајот на сезонава. Инаку клубот на своите ракометари им должи многу плати.

– Во медиумите се пишуваше дека ќе си одам. Финансиската ситуација во клубот е лоша, но се договорив со раководството да останам до крајот на сезонава. Имав неколку понуди да заминам во последните денови од преодниот рок. Но во моментов сум повреден и не сакав да го напуштам клубот во таква ситуација – вели Дисингер.

Episode 69 – Christian Dissinger's insight on Vardar's troubles, CL review and beach handball at Paris 2024?

Episode 69 is here…nice!?️ Christian Dissinger gives us some insight into Vardar's current struggles. ?‍♂️ EHF Champions League review/preview with Chris taking on Alex.?️ beach handball an Olympic sport? We do a bit of homework on the recent push from the International Handball Federation – IHF

Publiée par Uninformed Handball Hour sur Jeudi 5 mars 2020

Сепак по крајот на сезонава Германецот ќе си оди бидејќи не се живее од слава и љубов, туку мора да се заработат и пари.

– Морам да си заминам иако не го сакам тоа. Сакам да се посветам потполно на ракометот, а не да мислам дали ќе има плата. Со семејството и со соиграчите зборуваме со часови за овие проблеми. Добив и бели влакна во косата. Најверојатно ќе си заминам на лето. Се уште не сум потполно фит. Имав разговори со некои клубови, но ништо конкретно. Сакам да бидам комплетно здрав, пред да донесам одлука. Ќе почекам уште неколку недели, можеби ситуацијата овде ќе биде подобра – вели Дисингер, кој моментно закрепнува од повреда. Тој во Вардар дојде пред две години. Игра на позицијата лев бек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот