Директорот на „Модерна“: Засекогаш ќе живееме со коронавирусот

Модерна тестира вакцини против ХИВ/Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Стефан Бансел, извршниот директор на американската компанијата „Модерна”, која произведува вакцина против коронавирусот, вели дека САРС-КоВ-2 нема да оди никаде, дека ќе биде тука, меѓу нас.

Многу водечки здравствени службеници веруваат дека постои голема веројатност Ковид-19 да стане ендемска болест, односно дека ќе биде трајно присутна меѓу нас, но веројатно со многу пониски нивоа на инфекција отколку денеска.

-Ќе живееме со овој вирус, мислам, засекогаш, изјави Бансел на еден од панелите за време на конференцијата за здравствена заштита, организирана од банката „ЈПМорган”, пренесува Си-Ен-Би-Си,

Според него, научниците постојано следат дали се појавуваат нови видови на вирусот, за да може да се произведуваат вакцини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот