Дина Јашари со интимен концерт во „Јавна соба“: „Кога надвор е ладно, музиката нека нѐ стопли“
По лето исполнето со настапи низ целиот регион и настап пред легендарните „Масив атак“, македонската пејачка и авторка Дина Јашари се враќа пред домашната публика. На 20 ноември 2025 година, таа ќе одржи концерт во скопскиот локал „Јавна соба“, каде што ќе ја претстави својата најнова музичка приказна – албумот „Растенија без корен“.
Препорачано
Настанот ветува вечер исполнета со топлина, нежност и автентичен звук, карактеристичен за нејзиниот стил.
„Кога надвор е ладно и се стемнува рано, музиката нека нѐ стопли“, напиша Јашари во најавата, упатувајќи искрена покана до сите љубители на нејзината музика.
Со неа на сцената ќе настапат членовите на нејзиниот квартет – Лука Тошев на гитара, Драган Теодосиев на тапани и Андреа Мирческа на бас. Публиката ќе има можност да ужива и во изведба со специјален гостин, чие име засега се држи во тајност.
Концертот започнува во 20 часот, а билетите се достапни преку другастрана.мк – по цена од 400 денари во предпродажба и 500 денари на самата вечер.

Кантавторката Дина Јашари го објави својот деби-албум „Растенија без корен“
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


