Димковска: Објавувањето на мојата песна во „Тајмс литерари саплемент“ е успех на целата македонска литература

Лидија Димковска / Утрински брифинг
Лидија Димковска / Утрински брифинг

Песната „Милениче“ од македонската писателка Лидија Димковска е објавена во последниот број на едно од најпрестижните светски списанија за литература и култура, британскиот неделник „Тајмс литерари саплмент“ (Times Literary Supplement) од Лондон. „Милениче“ е објавена во препев на англиски јазик на Љубица Арсовска и Патриша Марш Стефановска.

„Никогаш моите успеси не ги делам на мои лични и македонски, бидејќи јас пишувам на македонски јазик и ми се чини дека сите ние што пишуваме на македонски јазик кога ќе ни се случивакво признание всушност учествуваме во излегувањето на целата македонска литература надвор од границите. Јас и практично сум надвор од Македонија, но кога ќе ми се објави нешто во странство тоа дополнително ми кажува дека македонската литература апсолутно не смее да остане само во границите на македонската држава, македонскиот јазик и читатели. И колку повеќе книги, текстови, и песни имаме преведени на други јазици толку повеќе е поголема свеста за македонската литература кај читателите на тие други јазици. Ако е ова е прва песна од на македонски писател објавена во „Тајмс литерари саплмент“, а по се’ изгледа дека е така, да се надеваме дека ова само првиот успехи и дека ќе има многу повеќе песни, дека ќе има и раскази, критики за романи во едно такво списание какво што е „Times Literary Supplement“.

Во македонската литература треба да спаѓаат и сите автори и авторки кои живеат во Македонија но пишуваат на други јазици, и сите што пишуваат на македонски јазик а не живеат во земјата и апсолутно е потребна институционална поддршка за превод на македонската литература и се надевам дека новата министерка за култура ќе има повеќе слух за сето тоа и дека конечно ќе се обнови конкурсот за превод на македонски дела на странски јазици и сето тоа полесно ќе функционира за странските издавачи, бидејќи досега тоа беа инцидентни објави и едноставно се’ е препуштено на нас авторите и нашите преведувачи, а нели толку мнигу се бориме за македонскиот јазик и толку проблеми имаме со соседството, со признавањето на македонскиот јазик, а сепак не знаме самите да направиме нешто за да биде подобро за македонската култура“, вели за Утрински брифинг Лидија Димковска.

Песната „Милениче“ е од „Гранична состојба“, последната поетска збирка на Димковска објавена минатата година од „Или-Или“, за која ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга од македонски автор на Струшките вечери на поезијата.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот