Димитров: Францускиот предлог ја наградува Бугарија за ветото

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров во интервју за регионалната телевизија „Н1“ вели дека францускиот предлог за решавање на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија е опасен преседан, кој отвора можност Софија да го блокира и уценува Скопје во текот на целиот преговарачки процес.

Според Димитров, Париз дозволил билатералните прашања со Бугарија да влезат во преговарачка рамка, а спорот со Софија се однесува на македонскиот јазик, идентитет и историја.

– Мислам дека тоа само нѐ оддалечува од она што треба да биде процесот – демократски и економски реформи, копенхашки критериуми. Ова што го имаме е ќорсокак – изјавил Димитров.

Според него, Европската унија треба да се убеди да го промени процесот што не функционира, бидејќи таквиот процес на проширување не носи резултати, односно не ги наградува земјите што одат напред, не ги казнува земјите што одат назад и дозволува една членка на ЕУ да се „изживува“ над земја кандидат.

Тој рече дека е неопходно да се „ресетира“ политиката кон Софија и дека ЕУ треба да казнува наместо, како што истакнал, да ја награди Бугарија за ветото.

Димитров го опиша процесот на приклучување на регионалните земји, велејќи дека сите на Балканот седат во еден автобус, а сите се трудат да седат што е можно поблиску до возачот.

– Но, проблемот е што автобусот не се движи – рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот