Димитров: Датумот за преговори е 16 јули, ЕУ очекува да продолжиме по реформскиот пат

Фото: МИА

Според Димитров, немаме право на грешки, немаме право на изгубено време во следните четири години.

Ако ние продолжиме по овој зацртан пат, пристапните преговори ќе бидат отворени за време на германското претседателство со Советот на ЕУ, истакна носителот на листата на ИЕ1 од СДСМ, Никола Димитров на денешната трибина со граѓаните од центарот на Скопје.

– Ако се собереме во 2024 година повторно овде во центарот на Скопје, ќе зборуваме кога ќе влеземе во Европската Унија. Другата опција нема да ги почне пристапните преговори низ целиот нивен хипотетички мандат – порача Димитров.

Според Димитров, немаме право на грешки, немаме право на изгубено време во следните четири години.

-И економски и демократски ние ќе бидеме подобра држава. Да обезбедиме убедлива победа на силата што влече напред – истакна Димитров.

Тој на трибината зборуваше заедно со претседателот на СДСМ Зоран Заев, ко-носителката на листата во ИЕ1, Мила Царовска и кандидатот за пратеник Горан Мисовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот