Димитриевиќ е најдобар македонски кошаркар во 2019 година

Македонската кошарка доби нова ѕвезда, Ненад Димитриевиќ е најдбриот кошаркар за 2019 година.

Кошаркарот на шпанскиот Хувентуд во финалниот избор успеа да ги „победи“ браќата Војдан и Дамјан Стојановски кои доминираа во изминатите години и за прв пат го добива ова признание.

– Благодарам за наградата чест е да се биде наследник на браќата Стојановски. Се гледаме во февруари – гласеше видео пораката на Димитријевиќ по добивањето на наградата.

Наградата за најдобра кошаркарка и припадна на Александра Стојановска, додека тренерот на Астана, Емил Рајковиќ е најдобар македонски тренер во странство.

Актуелниот шампион МЗТ Скопје доминираше на свечената церемонија освојувајќи четири награди, „металците“ се најдобар машки сениорски и младински тим, Ѓорѓи Кочов е најдобар тренер, додека Горан Крстевски е најдобар тренер во младинска категорија.

Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ, и додели специјална награда и на Специјалната Олимпијада.

Најдобар кошаркар: Ненад Димитријевиќ
Најдобра кошаркарка: Александра Стојановска
Најдобар тренер во странство: Емил Рајковиќ
Најдобар тренер во машка конкуренција: Ѓорѓи Кочов
Најдобар тренер во женска конкуренција: Жаклина Стојановска
Најдобра машка екипа: МЗТ Скопје
Најдобра женска екипа: ЖКК Вардар
Најдобар судија: Александар Милојевиќ
Најдобра младинска репрезентација: Машка кадетска репрезентација
Најдобар млад кошаркар: Андреј Јакимовски
Најдобра млада кошаркарка: Илина Селцова
Најдобар тренер во машки младински категории: Горан Крстевски
Најдобар тренер во женски младински категории: Владимир Ѓоровиќ
Најдобра машка младинска екипа: МЗТ Скопје
Најдобра женска младинска екипа: Бадел 1862

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот