Дилер од кичевско заработи кривична пријава, запленети се околу 600 грама хероин

Македонска полиција/ Фото: Миа

СВР Охрид поднесе кривична пријава до надлежното обвинителство во Кичево против Д.А. (38) од с. Гарани, Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

Денеска (29.07.2021) во 00.35 часот од полициски службеници од ОВР Кичево Д.А. бил лишен од слобода откако во текот на вечерта 28/29.07.2021, по добиена наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Кичево, извршен е претрес во дом и други простории кај Д.А. во с.Гарани и при претресот се пронајдени околу 600 грама хероин, стебла од канабис и други предмети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот