Диета според биоритамот: Употребете ја нумерологијата за да ги „стопите“ килограмите – Слободен печат
ЖенаМагазин

Диета според биоритамот: Употребете ја нумерологијата за да ги „стопите“ килограмите

Со пресметувањето на биоритамот ќе откриете нешто ново за исхраната и така ќе дознаете која диета за вас е најдобра за побрзо да загубите килограми.

Како да го пресметате вашиот биоритам? Запишете го датумот и месецот на вашето раѓање, па собирајте сè додека конечно не добиете една бројка.

На пример, ако вашиот роденден е на 13-ти август, тогаш може да го пресметате својот број според следниов начин:

1+3+8=12

1+2= 3

Во тој случај вашиот биоритам број ќе биде 3.

Биоритам 1

Овој број е најпробирлив и личностите се такви кога е во прашање храната. Тие сакаат сè што е најдобро во животот, па оттука ја сакаат само квалитетната храна и ексклузивните јадења. На овој број на биоритам најефикасни се диетите во кои доминира зеленчукот и тие мораат да бидат ригорозни диети.

Биоритам 2

Овие луѓе ги сакаат сите видови на слатки. Обично имаат чувствителен желудник, па треба да избегнуваат премногу зачинета храна. Ним им се препорачува диета со храна во жолта боја – компир, пиперки, тиква, банана. За супер-резултати може да ја пробаат есенската диета со тиква.

профимедиа

Биоритам 3

Припадниците на оваа група постојано се борат со вишокот на килограми. Сакаат тестенини, леб, шпагети, пити, лазањи и слични јадења, но сепак, за да загубат килограми треба да се откажат токму од јагленохидратите. Нив им одговараат протеинските диети. За најдобри резултати нека ја пробаат диетата Дукан.

Биоритам 4.

Луѓето од оваа група се многу скромни кога е во прашање храната. Тие јадат само кога чувствуваат глад и не јадат премногу. Обично и немаат проблем со телесната тежина. Доколку сакаат да загубат некој килограм им се препорачува диета со храна во бела боја (млечна диета, диета на база на јогурт) или диета на база на јајца.

Биоритам 5.

Вечни деца – тоа се луѓето од оваа група, секогаш се во чекор со трендовите и први го применуваат секој нов тренд во исхраната. Сакаат да готват нови јадења, да испробуваат нови рецепти, но сепак, се многу пробирливи. Нив најмногу им одговара некоја егозтична диета, на пример, јапонската диета на база на сирова храна и суши.

Биоритам 6.

Луѓето од оваа група имаат голем апетит и гурмани се. И самите се многу вешти во кујната. Најважно за нив е убаво сервирана храна, многу вкусна и различна. За нив идеална е диетата Хроно.

Биоритам 7.

Овие луѓе се љубители на вегетаријанска и макробиотичка кујна. Би требале да употребуваат овошје и зеленчук во големи количини доколку сакаат да ослабат. Идеална диета е диетата на Марк Битман.

Биоритам 8.

Ова се луѓе кои уживаат во зачинета храна, а и луѓе кои сакаат да се напијат по некое вино или виски. Обожаваат месо, но ако сакаат да изгубат килограми, треба да практикуваат диета со здрави јагленохидрати.

Биоритам 9.

Родени гурмани и луѓе со голем апетит, не се воопшто пребирливи кога храната е во прашање. За нив најважно е само порцијата да биде голема и преполна. На овие луѓе им се препорачува диетата со мали, почести оброци. Совршена диета за нив е Периконе диетата.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close