Џонсон: Ситуацијата со коронавирусот ќе се промени на пролет

Ситуацијата во врска со коронавирусот ќе биде многу поинаква на пролет, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон во време кога Велика Британија ја забрзува својата програма за вакцинација за да ги заштити најранливите.

– Работите ќе се променат на пролет. Тоа не значи дека нема да живееме со последиците од пандемијата на вирусот уште некое време, рече Џонсон.

Тој одби да даде директен одговор на прашањето дали социјалните бенефиции воведени за да им помогнат на луѓето со ниски примања да ја преживеат пандемијата на Ковид-19 ќе бидат продолжени до април.

– Она што го кажавме е дека ќе ја поддржиме целата земја, рече Џонсон, додавајќи дека сите мерки постојано ќе се разгледуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот