Џон Кери го обвинува Доналд Трамп дека е опасен и неспособен шеф на држава

Џон Кери/ Фото: МИА

Џон Кери, поранешниот американски државен секретар и демократски претседателски кандидат за изборите во 2004 година, ја поддржа кандидатурата на Џозеф Бајден за претседател на САД, повикувајќи се на аргументот на поранешниот потпретседател дека неговото меѓународно искуство треба да биде пресуден фактор за избирачите во 2020 година.

Штабот на Бајден ја соопшти поддршката од Кери, додека тој продолжува да го обвинува претседателот Доналд Трамп дека е опасен и неспособен шеф на држава.

Ситуацијата дополнително се зaостри со објавувањето на видео снимката на која се гледа како други светски лидери му се потсмеваат на Трамп на приемот во Бакингамската палата, што се оддржа во рамки на самиот на НАТО, пренесоа американските медиуми.

-Никогаш порано не сум видел дека на светот му е потребен некој кој уште првиот ден може да почне со неверојатно тешка работа на составување на светот што Трамп го расцепка, изјави Кери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот