Џанго: Борбата со дрогата бара меѓународна соработка и врвни домашни оперативци

„Проблемот со дрогата не е само проблем на Република Северна Македонија, туку е светски проблем. Би нагласил дека постојат разни видови на дроги. Има природни, има синтетички, халуциногени, депресивни итн. Сакам да кажам дека разни видови дроги потекнуваат од разни земји. Така што хероинот, кокаинот, што беше вчера тема на разни случувања, не потекнуваат од Македонија, туку од Колумбија, Авганистан, Еквадор итн.“, изјави во Утрински брифинг Љубомир Михајловски – Џанго, експерт од безбедносните сфери. Тој вели дека Македонија до деведесеттите немала проблем со дрогата, затоа што во тој период општеството било поставено за дрогата потешко да влегува во училиштата и факултетите, со што тогашна Југославија не се најде на пазарот на дрога.

„Македонија за жал сега е и корисник односно пазар за дрогата и земја каде што се одвива транспорт, низ која поминува од исток према запад. Тие што се производители се надовр од Македонија. Транспортот се врши ситни за ситни пари и дел од дрогата останува во Република Северна Македонија“, вели Михајловски.

Според него, ризикот од транспорт и апсењата се према лицата кои што го вршат транспортот. Со тоа целта на откривачката дејност на МВР и службите кои се платени да ја штитат државата од дрогата, за жал завршува само на транспортерите а не на крајните луѓе кои што таа дрога што ја примат ќе ја растурат на ситно.

За квалитетна работа на службите тогаш целиот канал треба да се реализира, односно да се апсат луѓето кои што се учесници, изјави Џанго за тоа каква е поставеноста на македонската полиција во политиката да се гони криминал како трговија со дрога.

„Треба да се знае дека за да работите на откривачка дејност мора државата да гради кадри/оперативци кои што ќе работат и ќе бидат специјализирани за борба против дрогата. Тоа се специфични кадри и неможе секој од оперативците да ја работи таа работа. Тоа се ризични акции и оперативци кои не работат според шаблони, туку мора да се многу интелигентни и спремни да се снајдат во одредена средина. Светот на дрогата е многу специфичен“, вели Михајловски.

Тој смета дека борбата со дрогата не може локално да ја вршите, туку преку соработката со меѓународни структури кои се спремни и нудат соработка. Тоа е потребно и на странските и на домашните служби – единствена цел е заедничката борба.

„Во кадрите што се вложи да се изградат, зошто од индекс 100 дали 10 ќе бидат добри за овој тип на работа, за жал луѓе кои што беа обучувани за оваа работа и со сигурност придонеле многу и во иднина би помогнале од разни причини па и политички за жал беа ставени на други позиции. Се донесоа непрофесионални одлуки и тие кадри се уништија, се уништии оперативноста на службите. За жал тоа беше и во фокусот на странските службии во иднина мора сериозно да се оформиме. Тука во изминатиот период помогнаа службите од САД , преку ДЕА, не само во формирање на кадри туку и во опрема и замислете некој ккога со потпис на решение ќе го сруши се тоа, не не чувтвуваат како сериозни партнери“, вели Михајловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот