ДФРМ: Симеон Мони Дамевски е избран за нов директор на ИФФК „Браќа Манаки“

На вчерашното Свечено Собрание на ДФРМ, едногласно беше избран новиот директор на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, актерот Симеон Мони Дамевски.

Според статутот на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ), мандатот на Мони Дамевски важи за следните две изданија на фестивалот.

Мони Дамевски ја презентираше предлог-програмата на фестивалот и се заложи дека ќе работи на зачувување на реномето што го има овој интернационален фестивал на филмска камера, известија од ДФРМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот