Деветгодишно дете почина од новиот синдром, има сомнеж дека е поврзан со коронавирусот

Фото: EPA

Портпаролот на Националната здравствена агенција денеска изјави дека „135 деца ја развиле оваа болест од почетокот на пандемијата“. 

Деветгодишно момче починало од редок синдром кој веројатно е поврзан со коронавирусот, изјави денеска портпаролот на болницата „Тимон Марсеј“ на југот на Франција.

-Детето имало позитивен тест на ковид-19, но не развило симптоми, додаде портпаролот.

Момчето било хоспитализирано по срцев удар и минало седум дена во болница, а во саботата починало од „невролошка повреда“ како резултат на срцевиот застој.

-Француските власти се свесни за ретката болест која потсетува на болеста Кавасаки, со симптоми како што се воспаленија, отечени екстремитети, осип на кожата и најсериозениот, срцев удар – рече минатиот месец директорот на Националната здравствена агенција, Жером Соломон.

Портпаролот на Националната здравствена агенција денеска изјави дека „135 деца ја развиле оваа болест од почетокот на пандемијата“.

Бидејќи оваа болест потсетува на болеста Кавасаки, француската здравствена агенција ја нарекува болеста „слична на кавасаки“, рече портпаролката на националната здравствена агенција.

– Болеста Кавасаки обично се јавува кај деца помлади од 5 години, додека болеста што ја забележуваме сега ги погодува децата на возраст од 5 до 15 години – рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот