Детонација во Панчево: Пожар на бензиска станица, огнот ги зафатил камионите, патот блокиран (ВИДЕО)

Околу 13 часот во Панчево изби пожар. Засега не се знае причината за пожарот на бензиската станица „Леди“. Според информациите добиени од Брзата помош и вработените на пумпата во несреќата немало повредени.

Огнот избил на местото каде се става метан на камионите и во него изгореле неколку камиони со кои овој гас се транспортира, како и складиштето зад бензиската.

Пожарникарските единици од Панчево и Белград се борат со огнот кој успеале да го локализираат, но во целост се уште не е угасен.

Сообраќајот на патиштата од Панчево кон Опово и Ковачиќ е во прекин од безбедносни причини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот