Деспотовски: Автопатот Кичево-Охрид сега е во далеку полоша состојбa, штетите се над 30 милиони евра

Пратениците од опозицијата обвинија дека на автопатот Кичево – Охрид не е ништо направено за две ипол години и оти штетите направени од неработењето се проценуваат над 30 милиони евра.

Во обвинувања меѓу власта и опозицијата кој колку направил во делот на транспортната инфраструктура помина денешната собраниска седница на која се расправаше за Предлог-измените на Законот за реализација на инфраструктурните проекти за изградба на патната делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид и за Предлог-измените на Законот за сигурност во железничкиот систем.

Пратениците од опозицијата обвинија дека на автопатот Кичево – Охрид не е ништо направено за две ипол години и оти штетите направени од неработењето се проценуваат над 30 милиони евра. Посочија  дека Владата на СДСМ нема направено ниту еден мост, а во делот на железницата дека ништо не е направено од она што го ветиле во изборната програма.

– Автопатот Кичево-Охрид сега е во далеку полоша состојба, штетите кои се направени од неработа се над 30 милиони евра. Има свелишта, арматурата наменета за мостовите е рѓосана, а статиката е нарушена. Мораше да преземете мерки за заштита на градлиштето, рече Благоја Деспотовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во репликите на пратениците од опозицијата, министерот Горан Сугарески истакна дека во изминатите две ипол години е направено многу повеќе од она што ВМРО-ДПМНЕ го има направено во изминатите 11 години. Обвинувањата ги отфрли како лаги и ги повика пратениците од опозицијата да говорат со факти, а не да изнесуваат паушални заклучоци.

– Се обидувате комплетно да се амнетирате. Требаше да му кажете на Груевски да не го почнува овој проект онаков каков што бил, рече Сугарески, додавајќи дека во делот на железницата набавени се возови без седишта и оти за 11 години не е ништо направено околу железничката пруга кон Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот