Десеткуваната од повреди Македонија поразена од Австрија

EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Фудбалската репрезентација на Македонија е поразена од Австрија со 2:1 на претпоследниот натпревар во квалификациите за ЕП 2020. Победата ја однесе Австрија на континенталниот собир, додека Македонија има уште една шанса преку плејофот во Лигата на нациите, каде во март не очекува дуел со Косово во полуфиналето.

Во последниот натпревар од квалификациите, во вторник на Арената “Тодор Проески“, Македонија игра против Израел и со триумф ќе биде заверено третото место во групата, а пораз не носи на претпоследното место во групата.

Селекторот Игор Ангеловски на „Ернст Хапел“ стадионот изнесе шарен состав со двајца дебитанти поради проблемите со повреди и суспензии на дури седум стандардни репрезентативци, и реално не можеше да очекува чудо против мотивираната Австрија.

Дека домаќинот е тргнат со сите сили во победата стана јасно уште во седмата минута кога Давид Алаба го отвори резултатот откако беше одлично проигран од Конрад Лајнер. До крајот на првиот дел, австријците предводени од Марко Арнаутовиќ имаа уште неколку одлични шанси за гол но не ги реализираа.

На вториот гол се чекаше до второто полувреме, поточно во 47 минута кога Лајнер зголеми на 2:0. Македонските фудбалери потоа се отворија, заиграа поофанизвно и преку дебитантот Влатко Стојановски имаше две одлични шанси за гол. Прво неговиот шут заврши крај стативата, додека во вториот обид со глава, голманот Шлагер го одбрани ударот.

Сепак, во последните секунди од средбата, Стојановски успеа дебито да го круниса со гол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот