Десет клиники во Москва добиле анонимни дојави за бомби

Руско министерство за надворешни работи / Фото: МИА

Во претходните извештаи се наведува дека специјалисти за вонредни ситуации и специјалисти со кучиња извршиле увид во градската клиничка болница и детската градска болница „Морозов”.

Службите за итни случаи проверуваат околу 10 московски клиники кои денеска добиле анонимни пријави со закана со бомби, јави агенцијата ТАСС.

Во претходните извештаи се наведува дека специјалисти за вонредни ситуации и
специјалисти со кучиња извршиле увид во градската клиничка болница и детската градска болница „Морозов”.

„Извештаите за закани со бомби сè уште пристигнуваат на градските клиники. Во моментот на мета се десетина. Службите за вонредни ситуации и специјалисти со кучиња се на местото на настанот”, вели неименуван извор.

Од почетокот на ноември минатата година, судови, училишта, шопинг центри и други згради во Москва и Санкт Петербург и други региони добиваа голем број анонимни пријави за поставени бомби.

Службите за вонредни ситуации ги проверија сите наводи, кои се покажаа како лажни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот