Десет играчи на Ливерпул никогаш не загубиле на „Енфилд“ во Премиер лигата!

фото/твитер

Ливерпул сезонава има убава шанса да ја освои титулата во Премиер лигата, а ваков индивидуален учинок на одредени играчи не е забележан во модерниот фудбал.

Јирген Клоп од доаѓањето на „Енфилд“ донесе значителни промени во клубот. Една од најважните е големата победничка доминација пред домашните навивачи.

На „Твитер“ се појави состав на сегашни играчи од првиот состав кои едноставно не знаат за пораз на домашен терен.

– Алисон Бекер: 27 натпревари, 25 победи, две нерешени
– Адриан: шест натпревари, шест победи
– Виржил ван Дајк: 38 натпревари, 34 победи, четири нерешени
– Енди Робертсон: 43 натпревари, 37 победи, шест нерешени
– Фабињо: 21 натпревар, 20 победи, едно реми

фото: твитер

– Алекс Окслејнд-Чемберлејн: 23 натпревари, 17 победи, шест нерешени
– Наби Кеита: 15 натпревари, 13 победи, две нерешени
– Џердан Шаќири: 15 натпревари, 14 победи, едно реми
– Садио Мане: 59 натпревари, 50 победи, девет нерешени
– Мохамед Салах: 49 натпревари, 40 победи, девет нерешени

Помеѓу споменатите играчи според учинокот се одвојува Садио Мане. Дојде во екипата во 2016 година и забележа неверојатна низа на победи на домашен терен

Ваквите податоци се доказ за одличните игри на играчите на Клоп и тие се моментно едни од најдобрите во фудбалскиот свет.

Ливерпул во тековната премиерлигашка сезона не знае за пораз, има импресивен биланс од 22 победи и едно реми и веќе има дури 70 бодови, дури 19 повеќе од второпласираниот Манчестер сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот