Ливерпул „мириса“ титула, совладан и Вест Хем за „плус 19“! (ВИДЕО)

фото: твитер

Остануваат фудбалерите на германскиот менаџер Јирген Клоп остануваат единствени без пораз во Премиер лигата и се првопласирани со 70 бодови.

Денеска во рамките од 18. коло во заостанатиот натпревар од најсилното англиско првенство составот на Ливерпул ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Вест Хем со резултат 0:2.

Овој меч беше одложен поради настапот на „црвените“ на Светското клупско првенство во декември кое успеаја да го освојат.

После првото полувреме водеа Редси со погодокот на Салах кој беше прецизен од белата точка во 35. минута од средбата на Олимпискиот стадион во Лондон.

Египетскиот интернационалец на овој меч беше и асистент, односно убаво го пронајде Окслејд-Чемберлејн кој во 52. минута ја затресе мрежата на Фабиански за поставување на конечниот епилог.

Од стартот на сезоната 2017/18, Салах постигнал и асистирал во 14 различни премиерлигашки мечеви, пет повеќе од било кој играч во овој период.

Ливерпул со овој триумф оствари уште еден рекорд, имено успеа да ги совлада сите оваа сезона во Премиер лигата, што не му успеало на ниту еден тим во историјата на ова натпреварување.

Остануваат фудбалерите на германскиот менаџер Јирген Клоп единствени сезонава без во Премиер лигата и се првопласирани со 70 бодови, дури 19 повеќе од второпласираниот Манчестер сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот