Дерковски: Обид за надворешен напад на сајтот на ДИК, мртва трка меѓу политичките конкуренти

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски одржа прес-конференција на која информираше за техничките проблеми на сајтот на ДИК.

– Имавме мал прекин во јавниот пренос на податоците, обработката тече цело време. Имаме проблеми со јавната објава на податоците. Сега технички го премостивме тој проблем, се надевам дека до крај на вечерта нема да има сличен техичи проблем. Се работи за обид за надворешен напад, додека не се потврди тоа јас не би шпекулирал со други информации. Ќе видиме вечерва или утре за што се работи. Сепак продолжува електронскиот внес. Имаме 70 посто обработени избирачки места. Се работи за мртва трка меѓу политичките конкуренти, но до крајот на вечерта ќе имаме првични, неофицијални резултати. Имавме добро организиран изборен ден без поголеми инциденти и можам да им честитам на граѓаните и да им се заблагодарам на целокупната администрација кои ја одработија својата работа во текот на целиот изборен ден и во текот на ноќта, кога ќе биде приемот во ДИК до сабајле за да се приврши процесот, рече Дерковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот