Денвер и Торонто на една победа од конференциско финале (ВИДЕО)

EPA-EFE/STEVE DIPAOLA

Торонто репторс ја декласира Филаделфија сиксерс со 125:89 и дојде до само една победа од пласман во финалето на Источната конференција. Предводник на Торонто во победата беше Паскал Сиакам со 25 поени, а првата ѕвезда на екипата, Каваи Ленард имаше учинок од 21 поен и 13 скокови.
Кај Филаделфија, најрасположен за игра беше Џими Батлер со 22 постигнати поени.

Во Западната конференција, на една победа од пласман во конференциското финале се наоѓа и Денвер нагетс. Денвер пред своите навивачи, дојде до најубедливата победа во серијата со Портланд, од 124:98, поведе со 3:2 во победи.
Вообичаено, прво име во редовите на Денвер беше, Никола Јокиќ со 25 поени и 19 скокови, а Џамал Мареј уфрли 24 поени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот