Деновиве конечно ќе стигнат октомвриските сметки за парно

Парно греење/profimedia
Фото: Ina FASSBENDER / AFP / Profimedia

Скопјани деновиве, на почетокот на декември, ќе ги добијат сметките за парно за октомври. ЕСМ – снабдување денеска соопшти дека фактурите се подготвени и во тек е нивна испорака до потрошувачите, а дека износот на сметките за граѓаните и фирмите кои плаќаат на 12 рати ќе бидe ист со оние за август и септември.
Од ЕСМ посочуваат дека во периодот октомври – април кога се испорачува топлинска енергија, цената на ангажираната моќност и испорачаната топлинска енергија за домаќинствата е финансиски подржана од државниот Буџет, со одлука на Владата, поради обезбедување на сигурност во снабдувањето со топлинска енергија во услови на постоење на кризна состојба.

Потрошувачите ќе ги добијат фактурите во следните денови на ист начин на достава како и претходно, односно оние кои ја користеле услугата „е-фактура“ фактурата ќе ја добијат во електронска форма, додека останатите потрошувачи ќе ја добијат фактурaта во хартиена форма — информираат од ЕСМ.

Во врска со начините на плаќање, потрошувачите ќе можат без провизија да ги плаќаат фактурите на наплатните пунктови на ЕСМ Снабдување. Потрошувачите кои имаат склучено договор за наплата на фактурите за топлинска енергија преку траен налог, од матичната банка ќе добијат инструкции за постапување или ќе бидат известени за насочување на уплатата кон новиот снабдувач. Оние потрошувачи пак, кои плаќаат со налог за плаќање, шалтерски во банка или преку електронско банкарство, во зачуваните шаблони односно ПП налози за плаќање ќе биде потребно да ја проверат и да ја внесат жиро-сметката на ЕСМ Снабдување наведена на фактурите.

Напоменуваме дека интензивно се подготвуваме потрошувачите да ги имаат сите можности за плаќање како и претходно, како услугата “Брзо плаќање” и “EPAY” услугата за што дополнително ќе ги известиме — велат од компанијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот