Денот кога плачеше цела Југославија: Пред 38 години се случи најголемата авионска несреќа на овие простори

Фото: Твитер/Air Disasters OTD

На првиот ден од декември 1981 година, пред 38 години, на Корзика се сруши авионот на компанијата Инкес-Адрија од Љубљана. Загинаа 178 лица. Ниту еден член од екипажот не ја преживеа оваа несреќа. Според пишувањата на медиумите, тоа беше најголемата катастрофа на југословенското воздухополствто дотогаш, пренесе „Б92“.

Авионот „ДЦ-9 супер 80“ удрил во планината Сан Пјетро во близината на Ажаксио на Корзика, додека кружел чекајќи дозвола за слетување. Долго се истражувала причината за несреќата.

Според француските извори, можна причина за несреќата наводно била недоволно опремената радарска служба на аеродромот во Ажаксио, пренесе „Гласот на Истра“, потсетувајќи на несреќата.

До трагедијата најверојатно дошло поради недоразбирање во комуникацијата меѓу екипажот и контролорите на летот.

Како што се наведува, авионот во 7.52 часот со левото крило удрил во планината Сан Пјетро на висина од 1.364 метри и така оштетен поминал уште 700 метри. Потоа удрил во брдо и се срушил. Спасувачите успеале да се пробијат до местото на несреќата дури во 16 часот. Авионот „ДЦ9-80“ тогаш бил последниот „крик“ на технологијата, стар само неколку години, со ознаката „супер“. Бил опремен со автоматизирани уреди за летање. Тој тип на авион дотогаш немал ниту една несреќа.

Во поголемиот дел, патниците во авионот биле Словенци, бидејќи авионот полетувал од Љубљана, на промотивен лет на агенцијата „Компас“. Списокот на патници повеќе пати е менуван, а меѓу нив требало да биде и прославениот гимнастичар Мирослав Церар и неговата сопруга Зденка. Сепак, поради болест на нивната едногодишна ќерка, никој од нив не тргнал на пат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот