19 C
Скопје

Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Харалампиј

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 февруари. Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Харалампиј.

Овој голем светител беше епископ во Магнезија и во својата сто и тринаесетта година пострада за Христа. Кога настана страшното гонење на христијаните во времето на царот Септимиј Север, старецот Харалампиј не се криеше од гонителите, туку слободно и јавно ја проповедаше Христовата вера.

Сите маки ги претрпе како во туѓо тело. А кога уште жив му ја дереа кожата, незлобливиот светител им рече на царските војници: „Ви благодарам, браќа, зашто ми го истругавте старото тело, а ми го обновивте духот за нов, вечен живот“.

Изврши многубројни чуда, во верата обрати многумина. Дури и царската ќерка Галина го напушти незнабоштвото на својот татко и стана христијанка. Осуден на смрт и изведен на губилиштето свети Харалампиј ги воздигна рацете кон небото и Му се помоли на Бога за сите луѓе, за да им даде Бог телесно здравје и спасение на душите и да ги умножи земните плодови. „Господи, Ти знаеш дека луѓето се месо и крв, прости им ги гревовите и излеј ја Твојата благодат врз сите!“

Прочитајте и...  Османи - Захариева: Бугарија ја поддржува евроинтеграцијата на земјава

После молитвата овој свет старец ја предаде својата душа на Бога пред да го спушти џелатот мечот врз неговиот врат. Пострада во 202 година. Неговото тело го зеде Галина и чесно го погреба.

Поврзани вести

Кина испраќа дополнителни 500.000 дози вакцини на Србија

Слободен печат

Бројот на новороденчиња во Франција падна за 13 отсто во текот на една година

Слободен печат

Заев задоволен: Наплатата на ДДВ е подобрена, преговараме со девет нови странски компании за инвестиции

Слободен печат

Заев: Го јакнеме менталниот склоп на целото општество, случајот со Мијалков е резултат на досегашните реформи

Слободен печат

Саркисјан: Барам начин за мирно решавање на ситуацијата

Слободен печат

Маричиќ: Евростат потврди дека пописот ќе биде по меѓународни стандарди

Слободен печат

Остави Коментар