Дендиас: Проблемите на Договорот од Преспа се очигледни, но договорите мора да се почитуваат

Никос Дендиас во Скопје
Никос Дендиас / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас за време на расправата во Парламентот за буџетот за 2022 година, говорејќи за надворешната политика, се осврна на регионот, рече дека „проблемите на Договорот од Преспа се очигледни”, но истакна дека врз основа на принципот договорите мора да се почитуваат (pacta sunt servanda), тие се да се стремат кон спроведување, јави дописничката на МИА од Атина.

– На Западен Балкан, придонесуваме регионот да го надмине неговото минато, да стане дел од принципите и вредностите на Европската Унија. Проблемите на Договорот од Преспа се очигледни, но врз основа на принципот „pacta sunt servanda” продолжуваме да се стремиме кон негово, со добра волја, спроведување и толкување за да одиме напред во нашиот регион, рече Дендиас.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот