Демонстрантите во Лос Анџелес нема да бидат казнети за прекршување на полицискиот час

Лос Анџелес, САД / 06 јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Обвинителството во Лос Анџелес најави дека нема да обвини илјадници демонстранти, кои беа приведени изминатите денови за непочитување полицискиот час, доколку не извршиле грабеж, вандализам или какво било насилство.

Наместо вообичаено гонење, од службата на обвинителот Мајк Фојер нагласија  дека е изработен „вонсудски пристап” од вонсудски тип за помали прекршоци во протестите за смртта на Џорџ Флојд, што во повеќето случаи беа непочитување на полицискиот час и одбивање да се тргнат од улиците.

– Мирните протести се исклучително важни. Тие ги оживеаја потребните напори за промена на срцата, умот и институциите. Не можеме да ја пропуштиме оваа можност како што правевме многу често во минатото, пишува во изјавата на обвинителството на Лос Анџелес.

 Мајк Фојер сака да воведе нов пристап што ги обединува демонстрантите, спроведувањето на законот и другите гласови од локалната заедница за подобрување на дијалогот и разбирањето. Се очекува да стапи во сила во текот на летото.

Шефот на полицијата во Лос Анџелес, Мајкл Мур изјави дека целосно го поддржува овој нов пристап. Според Мур, употребата на алтернативни методи ќе има траен корисен ефект врз локалната заедница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот