Демонстрантите и полицијата се судрија на климатскиот протест во Хамбург

Фото: ЕPA-EFE/FOCKE STRANGMANN

Во германскиот пристанишен град Хамбург денеска избија судири меѓу демонстрантите и полицијата на протестот за климата.

Според полицијата, учесниците кои го блокирале мостот Катвик ги нападнале полицајците со бибер спреј, на што полицајците одговориле со бибер спреј, палки и водени топови за да го растурат собирот.

Портпаролот на демонстрантите го опиша инцидентот како „нов врв на полициско насилство“.

Активистите, исто така, го блокираа мостот Келбранд и, меѓу другите, железничките линии што ги користи Капетанијата на пристаништа во Хамбург.

„Овде го блокираме епицентарот на германската надворешна трговија за да го привлечеме вниманието на последиците од модерниот колонијализам”, се вели во соопштението на еколошкото движење Extinction Rebellion.

За денеска во Хамбург беа најавени пет маршеви. На првите големи демонстрации околу 2.000 луѓе тргнаа од паркот Алтона до блиската железничка станица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот