Демократите обезбедија мнозинство во Претставничкиот дом

Демократската партија доцна синоќа обезбеди мнозинство во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес со најмалку 218 мандати освоени на изборите на 3 ноември.

Иако демократите би можеле да освојат уште неколку места во Долниот дом на Конгресот, нивното мнозинство ќе биде помало во однос на претходниот состав.

Како што пренесуваат американските медиуми, демократите може да изгубат 15 места во тоа тело, кое брои 435 члена, по големиот прилив на републикански гласови.

Демократите досега имаа 232 места во Претставничкиот дом.

Иако демократот Џо Бајден победи на претседателските избори, големи се шансите републиканците да го задржат мнозинството во Сенатот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот