Демократи: Ќе водиме битки на повеќе фронтови – економија, здравство, животна средина…
„Во Собранието ќе се борам на повеќе фронтови. Да имаме подобар здравствен систем, подобро образование, посилна економија, ќе се борам против корупцијата и криминалот“ порача претседателот на „Демократи“, Јорго Огненовски во рамки на кампањата за парламентарните избори.
Препорачано
„Морам да се борам за една врвна економија, нови вработувања, да не бегаат младите од државата. Знаеме дека во Македонија нема иднина без младите. Морам да се борам заедно со народот против криминалот, корупцијата, посебно во политичките кругови.
Да се развие економијата, без тоа нема да имаме добри плати, пензии, не може да инвестираме во образованието, здравството, животната средина. Ќе се борам да имаме подобар спорт, за сиромасите кои денес не можат да најдат работа и се излажани од криминалните политички структури. Треба да креираме работни места но ако отвораме фабрики, ако инвестираме во земјоделието“, порача Огненовски.


