Деловните лидери во светот се подготвуваат за долготрајна рецесија

Бизнисмените стравуваат дека нивните бизниси нема да го преживеат периодот, покажаа податоците од најновото истражување.

Организацијата на деловни лидери YPО спроведе анкета во периодот помеѓу 15 и 19 април со која беа опфатени 3.534 извршни директори во 109 земји. Околу 60 проценти од извршните директори се подготвуваат за обновување во облик на Y, што значи дека очекуваат долг период помеѓу рецесија и закрепнување.

Дваесет и два отсто предвидуваат двојна рецесија.

Истражувањето исто така открило дека 11 проценти од анкетираните извршни директори велат дека коронавирусот ќе претставува ризик за опстанокот на нивната компанија, а други 40 проценти рекле дека пандемијата е сериозна закана.

Најранливите компании се во угостителската индустрија – 41 процент и извршните директори во овој сектор велат дека нивните компании се изложени на ризик од колапс.

Во секторот за авијација и трговија на големо, 30 проценти и 19 проценти од извршните директори стравуваат од таков исход, покажа истражувањето.

Речиси две третини од деловните лидери предвидуваат дека негативните последици ќе се рефлектираат во деловните резултати повеќе од една година. Една четвртина од нив очекуваат нивната компанија да вработи до 20 проценти помалку работници за една година отколку сега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот