Дејвис со спектакуларна партија, одличниот Бјелица подобар од Дончиќ! (ВИДЕО)

twitter.com/Aaron83477419

„Волците“ дадоа силен отпор, но на крајот немаа сили за изненадување, тимот од Лос Анџелес повторно беше подобар и моментно има учинок од 21-3 во досегашниот дел од НБА сезоната.

Во првото полувреме Лејкерси успеаја да дојдат до предност, но гостите чуваа некоја пристојна разлика, после првата четвртина беше 39:31 за домаќините, додека на пауза се замина со резултат 73:65 за играчите на Вогел. Во понатамошниот дел од мечот ја задржаа позитивата, а гостите во последната четвртина веќе се помирија со 12. пораз.

За Лејкерси доминираше Ентони Дејвис со 50 поени (седум скокови, шест асистенции), следен од ЛеБрон Џејмс со 32 поени, 13 асистенции и четири скокови. На спротивната страна најефикасни беа Карл-Ентони Таунс и Ендрју Вигинс по 19 поени.

Сакраменто беше подобар од Далас со 110:116 најмногу благодарение на српскиот интернационалец Немања Бјелица кој запиша 30 поени (седум скокови, четири асистенции), а за Маверикси најрасположен беше Словенецот Лука Дончиќ со 27 поени (осум асистенции, седум скокови).

НБА, резултати –

Бруклин Нагетс-Денвер Нагетс 105:102
Мајами Хит-Чикаго Булс 110:105, 97:97 (по 1 прод.)
Филаделфија Сиксерс-Торонто Репторс 110:104
Вашингтон Визардс-Лос Анџелес Клиперс 119:135
Далас Маверикс-Сакраменто Кингс 106:110
Портланд Трејл Блејзерс-Оклахома Сити Тандер 96:108
Лос Анџелес Лејкерс-Минесота Тимбервулвс 142:125

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА –

1.Лос Анџелес Лејкерс 21-3
2.Лос Анџелес Клиперс 17-7
3.Далас Маверикс 16-7

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА –

1.Милвоки Бакс 20-3
2.Бостон Селтикс 16-5
3.Мајами Хит 17-6

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот