ДЕЦАТА ГИ ВОЗИМЕ КАКО КОМПИРИ: Граѓаните децидни, потребни се поголеми казни за несовесните родители-возачи (АНКЕТА)

Секојдневно по булеварите, улиците и паркинзите низ Скопје можеме да забележиме возачи кои своите малолетни деца ги превезуваат седнати на предното совозачко седиште, или пак им дозволуваат да „висат“ низ прозорите или отворениот сончев покрив. Исто така, честа слика е и децата да се возат позади, но без појас, па така стојат на средина помеѓу двете предни седишта. Со ваквите свои непромислени потези, родителите директно ги загрозуваат здравјето и безбедноста на своето дете, коментираат граѓаните.

Често и на социјалните мрежи се објавуваат вакви видеа со осуди од граѓаните дека не водат сметка за безбедноста на своите деца.

За ваквите несовесни родители законот е ризорозен. Од Министерството за внатрешни работи за „Слободен печат“ велат дека согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во главата 3 точка 33, во членот 164 е пропишано дека во патнички автомобил, на предното седиште не смее да се превезува дете помало од 12 години.

– Во патнички автомобил на задното седиште, смее да се превезува дете помало од пет години, во поставено посебно детско седиште кое за седиштето од возилото е прицврстено со сигурносен појас или на друг соодветен начин. Во патнички автомобил на предното седиште, смее да се превезува дете до две години, ако возилото нема заштитно воздушно перниче, ако воздушното заштитно перниче е исклучено и ако детето се превезува во посебно детско седиште поставено спротивно од правецот на движење, при што истото е прицврстено на седиштето на возилото со помош на сигурносен појас со три точки на поврзување. Детето треба да биде врзано со сигурносен појас од седиштето. Мандатен платен налог со глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода на возачот кој постапува спротивно на овие одредби – велат од МВР.

Овој закон е на сила од 2015 година. Бројките од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата покажуваат оти во 2015 година, од 148 загинати лица во сообраќајни незгоди, 22 биле деца до 18 години, а 9 од нив биле деца на возраст до 4 години. Најмногу казни надлежните им напишале на родителите кои не ги почитувале правилата за превезување на деца во патнички автомобил во 2017 година кога се изречени вкупно 19 глоби, а тој број во 2016 изнесува 14.

Граѓаните што строго се придржуваат кон ова правило велат дека е потребно да има што е можно поголеми и поригорозни казни. Слушнете ги нивните ставови:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот