Децата инфицирани со омикрон страдаат од невообичаен осип

вакцина деца вакцинирање
Вакцинација на деца против ковид-19 / Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Децата заразени со варијантата на коронавирус омикрон може да добијат „невообичаен” и агресивен осип”, изјави британскиот лекар Дејвид Лојд за Скај њуз.

Како што забележа лекарот, постојат одредени разлики во симптомите на децата инфицирани со омикрон во споредба со возрасните.

„Симптомите како што се замор, главоболки и губење на апетит изгледаат доста важни, како и осипите”, рече тој.

Лојд нагласи дека мала група пациенти со ковид-19 отсекогаш имале осип, но потенцираше дека „до 15 отсто од децата со омикрон имаат необичен осип”.

Докторот додаде дека лекарите постепено учат повеќе за оваа варијанта на вирусот.

„Да се ​​надеваме дека омикрон не е толку смртоносен како делта и дека ќе можеме да се справиме со него. Но, да, времињата се загрижувачки, рече тој.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот