Деби со гол на 75 години во професионалниот фудбал, само уште еден меч до „Гинис“! (ВИДЕО)

фото: твитер

Елзедин Бахадер, Татко на четири деца и дедо на шест внуци постигна гол од пенал, а неговата екипа ремизираше со резултат 1:1 против Гениус.

Во желбата да биде најстариот професионален фудбалер во историјата, Езелдин Бахадер од Египет постигна гол во дебитантскиот настап со 75 години.

Бахадер мора да одигра два комплетни натпревари со цел да се најде во Гинисовата книга на рекорди. Започна на импресивен начин, и покрај една повреда во текот на сите 90 минути, за третолигашкиот египетски клуб, „6 Октомври“.

Татко на четири деца и дедо на шест внуци постигна гол од пенал, а неговата екипа ремизираше со резултат 1:1 против Гениус.

– Станав најстариот професионален фудбалер кој постигна гол во официјален натпревар. Го реализирав во последната минута, воедно бев повреден и се надевав само да ги одиграм сите 90 минути. Ќе бидам подготвен за наредниот меч – рече Бахадер.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, во јануари, Египетската фудбалска федерација најави регистрација на играчот во осмата деценија од животот, кој никогаш досега не играл професионален фудбал.

Уште како шестгодишно дете започна да игра фудбал на улиците на Каиро, а дури седум децении подоцна започна да им испраќа молби до клубовите да го регистрираат во своите редови.

Беше прифатен од клубот од Каиро, „6 Октомври“, надевајќи се дека ќе добие место во Гинисовата книга на рекорди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот