Де Кро: Нуклеарните реактори на Белгија ќе продолжат со работа уште 10 години

И покрај препораките на научниците и активистите за животна средина, белгиската федерална влада постигна компромис за продолжување на работата на нуклеарните реактори во земјата.

Веста ја соопшти премиерот на државата, Александер Де Кро, преку Твитер.

-Белгиската влада презема одговорност за да може нашата земја да има контрола врз своето енергетско снабдување, изјави Де Кро.

Договорот е склучен помеѓу владата и Енжи, главниот снабдувач на енергија.

Ова значи дека централите Доел 4 и Тианж 3 ќе бидат продолжени за десет години иако владата, во чија коалиција се Зелените, најавуваше постепено повлекување од нуклеарната енергија поради штетата што таа ја носи за животната средина и опасноста по здравјето, особено по трагичната несреќа во Фукушима, Јапонија, во 2011.

Главна причина за оваа политичка промена е геополитичката ситуација, војната во Украина и амбицијата на ЕУ да се осамостои од руските енергенси. Целта е да финализира договорот за нуклеарните реактори до крајот на оваа години за Белгија да има доволни залихи на струја.

Премиерот и министерката за енергија треба да одржат прес конференција во 9 часот и 30 минути по белгиско време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот