Дарко Дамјановски: Каде живеете во Македонија или Албанија?!

Учесникот на три зимски Олимписки игри, Дарко Дамјановски денеска од општина Гостивар доби признание за спортски работник, но тој е резигниран што на манифестацијата се зборуваше само на албански јазик без превод на македонски јазик.

„Денес во општина Гостивар после мои 3 олимпијади бев повикан од страна на нашиот каратист репрезентативец Берат Јакупи за да ми доделат плакета за спортски работник за кој сум му благодарен.

Но, изразувам голем протест затоа што како МАКЕДОНЕЦ И МАКЕДОНЦИ што присуствувавме на оваа церемонија беше зборувано само на “АЛБАНСКИ” јазик па ги прашувам организаторите и градоначалникот ТАРАВАРИ дали живеат во МАКЕДОНИЈА или во АЛБАНИЈА и зошто немаше превод на македонски и дали советниците МАКЕДОНЦИ на ВМРО И СДСМ ќе седат рамнодушни на сево ова што се случи и дали ќе продолжат и понатаму да им гласаат за се во советот на општината.Нека слушне премиерот кој сега не води треба да го слшуне ова и да види дека тоа што им го даде го злоупотребуваат и не омаловажуваат МАКЕДОНЦИТЕ кои живеат тука“, стои во постот на на Дамјановски.

Одговорот од градоначалникот Таравари дојде експресно и во него тој објаснува дека имало превод на македонски јазик.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот