Дани Алвеш конечно пронајде нов клуб (ФОТО)

Алвеш (36) после заминувањето од ПСЖ, бараше работа преку социјалните мрежи, им се нудеше дури на врвни европски гиганти како Манчестер сити, поранешните клубови Барселона и Јувентус, но никој не реагираше.

На крајот изненадување за фановите, после 17 години искусниот бразилски дефанзивец се врати дома.

Тој го облече дресот на Сао Паоло и тоа на последниот ден од преодниот рок, иако слободни играчи можат да потпишат договор и подоцна.

Новиот клуб на Алвеш беше петтопласиран во бразилското првенство, трет во лигата Паулиста, дефинитивно ќе биде огромно засилување.

Пред да се пресели во Барса, играше уште за Севиља, а професионалната фудбалска кариера ја започна во Баиа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот