Дали во иднина задолжително ќе мора да правиме тест за корона пред да патуваме со авион?

„Емирати“ тврди дека е првата светска авио – компанија која спроведува тестирање за корона вирус.

Често си го поставуваме прашањето како ќе изгледа патувањето по корона вирусот, но авио – компанијата „Емирати“ со седиште во Дубаи почна да им прави тестови на патниците за корона пред тие да се качат на летот.

Тестовите ги спроведува здравствената управа во Дубаи, а резултатите биле готови за 10 минути.

„Емирати“ тврди дека е првата светска авио – компанија која спроведува вакво тестирање.

Работиме на плановите да ги зголемиме можностите за тестирање и да ја прошириме ваквата пракса и на другите летови во иднина, вели Адел ал Реџа, главен оперативен директор на компанијата.

.- Ова ќе ни овозможи да спроведиме брзи тестови на лице место и да издадеме моментална потврда на патниците кои патуваат со „Емирати“ во земјите кои бараат Ковид – 19 тест сертификати.

Авио – компанијата не наведува дали на некои патници ќе им биде одбиено барањето да се качат на летот врз основа на резултатите од тестот.

Серумските тестови се извршуваат со земање крв и не се наменети да дијагностицираат активна корона инфекција. Наместо да ги проверуваат протеините во имунолошкиот систем, тие всушност земаат антитела. Доколку некои лице има од овие антитела, тоа значи дека било изложено на вирусот.

Меѓутоа, Американската агенција за храна и лекови наведува дека во првите денови од инфекцијата, кога имунолошкиот одговор на телото се уште расте, антителата може и да не бидат откриени.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот