Дали трета доза ќе биде доволна за максимална заштита од коронавирусот?

Фото: Принтскрин / RTS

Се надеваме дека до крајот на годината ќе биде вакцинирано 40 отсто од светското население, а следната година 70 отсто. Така, ќе го намалиме ризикот од појава на нови соеви на вирусот, така што можеме да очекуваме вирусот да биде ставен под контрола, вели за Блиц.рс д-р Маријан Ивануша, шеф на канцеларијата на Светската здравствена организација во Србија.

Ивануша додава дека вакцинацијата во Србија е добро организирана, дека почетокот бил добар, но дека сега тој процес значително забавил.

– Верувам дека недостатокот на време не е причината – вели д-р Ивануша.

Според него, се чини дека повеќе фактори влијаат врз зголемувањето на преносот на вирусот: нови соеви на вирусот, олабавување на мерките, поголема циркулација на луѓе во текот на летото, како и недоволен број вакцинирани лица.

– Верувам дека проценката на епидемиолозите во Србија се базираше, пред сѐ, на добрата почетна опфатеност со вакцинација, што, за жал, во Србија многу забави во овој период. Ние сѐ уште имаме голем број на оние кои не се вакцинирани, така што зголемувањето на бројот на новозаболени е сигурно, пред сѐ, кога имаме предвид дека луѓето, не само во Србија, се однесуваат како да исчезнала короната – вели д-р Ивануша.

„Имаме сѐ повеќе докази дека вирусот на делта сојот побрзо се пренесува, но точниот механизам останува сѐ уште нејасен. Неодамнешна студија од Кина сугерира дека постои побрза репродукција на вирусот (што доведува до скратување на периодот на инкубација) и дека дозата на инфекција е многу пати
поголема отколку кај претходните вируси. Вакцините и понатаму штитат од тешки болести и смрт кога луѓето ќе се соочат со делта сојот, но вакцината е помалку ефикасна во спречувањето на поблагите форми на болеста“, вели Ивануша.

Дали третата доза на вакцина ќе биде доволна за максимална заштита од ковид-19?

 

– Од позиција на СЗО, пред сѐ, мора да размислиме за глобалната перспектива. Сѐ уште немаме доволно дози за вакцинирање на ранливите категории и здравствените работници и тоа треба да биде наш глобален приоритет. Покрај тоа, во Србија треба да видиме како да ги вакцинираме оние што не се
вакцинирани, бидејќи тоа сега е поголем приоритет. Не сум сигурен дека во овој момент можеме да зборуваме за максимална заштита, засега зборуваме за заштита од потешки форми на болест и смрт со цел да се спасат човечки животи и да се намали товарот на здравствениот систем. Во склад со тоа, треба да
размислиме за целосна вакцинација со две дози од сите оние кои сѐ уште не се вакцинирани. За третата доза можеме потенцијално да размислуваме кај оние луѓе, кај кои има оправдани сомнежи дека по првите две дози не стекнале имунитет што ги штити од потешки форми на болести и од смрт – вели д-р Ивануша.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот