Дали Русија има интерес да не се реши прашањето за Косово?

Во интервју за Радио Слободна Европа, заменикот главен уредник на московскиот центар „Карнеги“ Максим Саморуков тврдел дека кога станува збор за амбициите на Русија да биде вклучена во дијалогот помеѓу Белград и Приштина „Русија има свој интерес тоа прашање да не се реши и изјавите на руските функционери за постигнување на конечното решение можат да бидат сфатени како двосмислени“.

„Русија, како и во другите конфликти на Западен Балкан, не сака конфликтот помеѓу Србија и Косово да биде решен. Поддршката на Русија сега е клучна за Србија, пред се заради ситуацијата со Косово. На Србија и е потребна Русија на меѓународно нивно и нејзината моќ во Обединетите нации, за да се спречи потполно признавање на Косово. Кога ќе се реши конфликтот, Русија веќе нема да биде толку привлечна за Србија. Но, досега видовме толку проблеми и препреки на патот за овој конфликт да се реши, што Русија практично и не мора многу да направи за да го спречи тоа“, рекол тој.

Тој објаснува дека во таа смисла, и изјавите кои доаѓаат од руските функционери се двосмислени. Од една страна, Русија вели дека е спремна да го подржи секое решение кое е прифатливо за Србија, а од друга страна вели дека тоа решение треба да биде базирано на Резолуцијата 1244 на ОН, која овозможува независност за Косово. Со таа двосмисленост Русите сакаат да и покажат на Србија дека Кремљ не и одобрува да го признае Косово.

„Но, секако не би рекол дека Русија е главната препрека за решавање на овој конфликт. Има тука многу препреки на локално ниво и долг е патот до конечен договор, така што Русија може да одмори, бидејќи конечното решение не е на видик“, кажал Саморуков.

Тој истакнал дека Западен Балкан не е приоритет за Русија и таа не е спремна да вложи многу пари или напор во регионот, но не го сака ниту Западот на Балканот.

„Моменталната ситуација во регионот е идеална за Русија. Тоа не значи ниту потполна стабилизација, ниту потполна дестабилизација, туку нешто измеѓу. Русија не сака замрзнатите конфликти на Балканот да бидат решени, бидејќи тие замрзнати конфликти го држат Западниот Балкан подалеку од НАТО и ЕУ, но исто така Русија не сака ниту тие конфликти да станат активни, бидејќи и таа има своја црвена линија“, рекол Саморуков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот