Дали поранешниот амбасадор Делави ја потврди автентичноста на документот со визијата на Џо Бајден за Албанците?

Поранешниот амбасадор на САД на Косово, Грег Делави на Твитер го сподели писмото што претседателскиот кандидат Џо Бајден го испрати на албанско-американските граѓани кои го поддржуваат кандидатот на демократите. 
Делави, документот чија автентичност пред неколку дена ја оспоруваа повеќе косовски аналитичари, го опиша како „визијата на Бајден за Албанците“ .

„Овој политички документ има совршено значење. Воодушевен сум што гледам дека Џо Бајден ја враќа во рамномерната политика на Косово, заснована врз интересите на националната безбедност на САД на Балканот“, напиша поранешниот амбасадор.

Тој во неговиот твит воопшто не се осврна на автентичноста на документот.

Документот, кој прв го сподели Рубен Авџију, главниот уредник на весникот Илирија кој се објавува во САД, ги уверува албанско-американските граѓани дека косовската независност не неповратна.

Уредник на весник наводно открил нов план за Косово, тврди дека добил документ од изборниот штаб на Бајден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот