Дали плаќате со пари или картичка? Еве што не тера да трошиме

Концептот наречен „ментално сметководство“ има врска со тоа како донесуваме финансиски одлуки.

Ако имате во паричникот банкноти со апоени од 50 и 100, може да заштедите пари. Психологот Мери Грешам вели дека луѓето обично размислуваат двапати пред да ги „раситнат“ крупните пари.

Затоа експертите предлагаат да ги замените банкнотите од 10 или 20 евра во оние од 50 до 100 евра.

Концептот наречен „ментално сметководство“ има врска со тоа како донесуваме финансиски одлуки и што да правиме со нашите асоцијации што ги имаме за парите. Овие асоцијации не се секогаш рационални.

– Ние третираме парите различно во зависност од тоа како ги категоризираме. Многу мали банкноти ги поврзуваме со „ситни“ пари, додека големите банкноти ги поврзуваме со „специјални пари“, вели Грешам.

Истражувањето кое го спроведе „Журнал на потрошувачки истражувања“ дека би потрошиле повеќе пари доколку носите пет банкноти од 20 евра, отколку ако носите една од 100 евра.

Истоти истражување откри дека студентите кои имале монети од четвртина евро купувале повеќе бонбони од оние кои имале цело евро.

Картичките го зголемуваат трошењето

Покрај тоа, плаќањето со вашата картичка или мобилниот телефон може да биде голем проблем за вашиот паричник. Полесно е луѓето да трошат пари кога плаќаат со картичка затоа што немаат контакт со пари. Луѓето понекогаш сметаат дека е „болно“ да се разделуваат со парите, но со картичката тие немаат такво чувство.

– Колку повеќе плаќањето станува автоматизирано, толку е полесно луѓето да купуваат. И тоа не е секогаш добро“, рече аналитичарот и автор Jеф Крејслер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот