Дадо Топиќ за Слаѓана Милошевиќ: Ќе ми недостига чувството дека таа сѐ уште е тука и дека можам да ѝ се јавам

Фото: Скриншот/Јутјуб

Хрватскиот музичар Дадо Топиќ (74) се огласи по смртта на неговата драга колешка Слаѓана Милошевиќ, со која ја изведе една од најубавите балади на регионалната музичка сцена – „Принцеза“ (1984).

„Иако знаевме дека не ѝ е добро во последно време, јас бев шокиран кога слушнав за смртта на Слаѓана. Ние често контактиравме и разменувавме мили и идеи. Наскоро требаше да имаме заеднички настап во Загреб. Јас имам прекрасни спомени со неа. Таа беше добра пријателка, отсекогаш знаеше добро да размислува и да дава доби совети. Мило ми е што бевме поврзани цел живот. Ќе ми недостига чувството дека таа сѐ уште е тука и дека можам да ѝ се јавам во секое време. Многу ја сакав, таа беше прекрасна личност“, изјави Топиќ за „Данас“.

Во Загреб, како што вели Топиќ, требало да ја изведат песната „Принцеза“. Иако не успеаја да победат на Југовизија, националниот југословенски избор за претставник на Евровизија, музичарот вели дека не им било тешко.

„Бевме професионалци и го прифативме поразот. Уживавме и живеевме со таа песна“, заклучи тој.

Имено, многумина сметат дека „Принцеза“ е моралната победничка песна на Југовизија во 1984 година. Тогаш победата отиде во рацете на Изолда и Владо Калембар, кои ја претставуваат Југославија на Евровизија со песната „Ciao Amore“.

Да потсетиме, српската авангардна уметница и пејачка Александра Слаѓана Милошевиќ почина денеска на 68-годишна возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот