Дачиќ: Двајца Срби, членови на екипажот на крузерот, имаат коронавирус

Ивица Дачиќ /EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Дачиќ рече дека од Министерството за надворешни работи на Јапонија добиле известување дека двајца од преостанатите 11 државјани на Србија, членови на екипажот на бродот кој беше во карантин во пристаништето Јокохама во Јапонија, се позитивни на новиот коронавирус.

Двајца државјани на Србија, членови на екипажот на бродот „Дајмонд Принцес”, се заразени со коронавирус, изјави денеска српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Во изјавата за агенцијата Танјуг, Дачиќ рече дека од Министерството за надворешни работи на Јапонија добиле известување дека двајца од преостанатите 11 државјани на Србија, членови на екипажот на бродот кој беше во карантин во пристаништето Јокохама во Јапонија, се позитивни на новиот коронавирус.

– Амбасадата на Србија во Јапонија е во постојан контакт со нив. Сите наши граѓани на овој брод ги имаат телефонските броеви на нашата амбасада во Јапонија, како и мобилен телефонски број на кој може да се јават 24 часа. Укажано им е и на тоа дека доколку бидат хоспитализирани треба да побараат да стапат во контакт со амбасадата, рече Дачиќ.

Тој додаде дека последната група патници кои се позитивни на новиот вирус наречен Ковид-19 е сместена во новоотворена болница на околу 300 километри од Токио и дека постои можност и двајцата српски државјани да бидат сместени таму.

На бродот, кој беше во карантин во Јапонија, имаше 3.700 патници, од кои 14 државјани на Србија, меѓу кои 12 членови на екипажот. Во Србија се вратија двајца патници и еден член на екипажот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот