Да се биде или не за Вардар, „скроен“ составот за мечот против Мотор!

rkvardar.mk

Вардарци со евентуална победа во СЦ „Јане Сандански“ ќе бидат чекор поблиску до осминафиналето во ракометната Лига на шампиони.

После заминувањата на Даинис Криштопанс и Павел Атман, Вардар ќе биде ослабен на бековската позиција, но веднаш беа пополнети нивните места за денешниот натпревар против украинскиот клуб во Лигата на шампионите.

Тренерот Алушовски вели дека и покрај тоа што си заминаа двајца играчи, не се сомнева дека играчите кои ги има на располагање ќе го дадат максимумот во обид за позитивен резултат и конечно биде прекината серијата од пет мечеви без победа во ЛШ.

Македонскиот и европски ракометен шампион е свесен за големата задача која ја има пред себе, со триумф над Мотор Запорожје (17.30 часот, СЦ „Јане Сандански“ – Скопје) ќе биде чекор поблиску до пласман во осминафиналето. Судии на денешниот дуел се Литванците Ваидас Мазеика и Миндаугас Гателис.

Новото засилување Де Толедо конечно после долгата пауза поради повреда ги имаше своите први официјални настапи за „црвено-црните“, па останува да се види колку овој играч, односно десен бек, е подготвен да придонесе во овие важни и тешки моменти за Вардар.

Во составот на новиот тренер Стевче Алушовски повторно се наоѓаат Мартин Карапалевски, Дејан Кукуловски кои почесто ја „греат“ клупата, без Кугис, но е повикан нов голман, Васил Гогов.

Составот на Вардар за дуелот против Мотор Запорожје: Гогов, Кизиќ, Гедбан, Стоилов, Кукуловски, Димитриоски, Карапалевски, Сикошек Пелко, Скубе, Калараш, Чупиќ, Де Толедо, Дибиров, Горбок, Шишкарев, Горпишин.

Лига на шампиони, 12. коло

Кил-Веспрем 29:28

Денеска –
15.00 часот Келце-Порто
17.15 часот Монпеље-Мешков Брест
17.30 часот Вардар-Мотор Запорожје

Табела:

1.Кил 20 бодови
2.Веспрем 16
3.Монпеље 13
4.Келце 12
5.Порто 10
6.Вардар 9

7.Мешков Брест 6
8.Мотор Запорожје 4

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот