Да останев во брак сигурно сè уште ќе пиев: Бен Афлек се отвори за разводот со Џенифер Гарнер

бен афлек џенифер гарнер
Фото: EPA/MATT CAMPBELL

Бен Афлек прозборе за крајот на бракот со Џенифер Гарнер, признавајќи дека доколку тие двајца сè уште беа во брак, тој сè уште би пиел.

За време на гостувањето во шоуто на Хауард Стерн оваа недела, 48-годишната ѕвезда искрено зборуваше за непријатните чувства кои ги имал за време на бракот со Џенифер Гарнер, и за неговите искрени обиди да се спаси истиот.

„Веројатно сè уште ќе пиев. Тоа е дел од тоа зошто и почнав да пијам… затоа што се чувствував заробен“, раскажа Бен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Garner-Afflecks (@garneraffleck)

Тој додаде дека не бил среќен во бракот со Џенифер, но не знаел како да се справи со тоа бидејќи се трудел да остане за да биде присутен за децата.

„Бев како „Не можам да заминам поради моите деца, но не сум среќен, што да правам?“ Она што го направив беше да испијам шише виски и заспијам на каучот, што се покажа дека не е решение“

Бен исто така сподели дека тој и Џенифер направиле се што можеле за да останат заедно и да направат работите да функционираат.

„Вистината беше дека одвоивме време, ја донесовме одлуката… Се разделивме. Имавме брак кој не функционираше, тоа се случува, со некој што го сакам и го почитувам, но со кого повеќе не треба да бидам во брак. На крајот, се обидовме. Се обидовме, се трудевме затоа што имавме деца. И двајцата се чувствувавме како да не сакаме ова да биде моделот што нашите деца го гледаат од бракот“, искрено раскажа Афлек.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Garner-Afflecks (@garneraffleck)

Бен и Џенифер, кои се венчаа во 2005 година, имаат три деца: Вајолет (16), Серафина (12) и Семјуел (9). Тие се разделија во 2015 година, а сега Бен цути во обновената врска со неговата поранешна свршеница Џенифер Лопез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот