Да им дадеме поддршка на девојките: Влезот за Македонија – Германија ќе биде слободен

Фото: КФСМ

Женската сениорска репрезентација на Македонија во недела навечер, ќе го одигра својот четвртти натпревар од квалификациите за Евробаскетот кој во 2023 година ќе се игра во Израел и Словенија.

На 27. ноември, во салата на СРЦ „Кале“ ни гостува една до најдобрите репрезентации на европскиот континент, Германија. За таа цел, и во оваа прилика, Македонската федерација ги повикува сите искрени љубители на кошарката, и фанови на нашата најдобра женска репрезентација да дојдат во „Кале“, и да им дадат поддршка на девојките во овој натпревар, за кој влезот ќе биде слободен.

Во соработка со „Спорт Клуб“, обезбеден е и директен ТВ пренос од натпреварот кој стартува од 19.часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот