Д-р Петличковски: Идеално е да се тестираат сите ученици

Александар Петличковски
Д-р Александар Петличковски / Фото: Screenshot/ТВ 24

Со скринингот во училиштата ќе се добие јасна слика за асимптоматските случаи и реална слика за ширењето на вирусот, вели директорот на Институтот за имунологија, Александар Петличковски во Тема на денот на ТВ Сител.

Според него, идеално е да се тестираат сите деца во училиштата, но ако се нема доволно средства, тогаш и некакво тестирање е подобро отколку да нема воопшто.

-Фокусот треба да биде на учениците кои не се вакцинирани и оние кои имаат вон-училишни активности. Друг пристап е ако се фокусираме на учениците кои имаат симптоми. 8000 од 240 илјади ученици е мала бројка, но сепак ќе видиме некаков увид и основа, , вели Петличковски.

Според него мешањето на вакцините е безбедно за граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот