Црна Гора интензивно преговара за набавка на вакцини против ковид-19

Фото: EPA-EFE/DUBAI GOVERNMENT MEDIA OFFICE HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Владата на Црна Гора интензивно преговара за набавка на вакцина против Ковид-19, изјави денеска министерката за здравство Јелена Боровиниќ Бојовиќ, без да прецизира кога ќе почне вакцинацијата.

Таа повтори дека тоа најверојатно ќе биде на крајот на јануари или почетокот на следниот месец.

Таа додаде дека за набавката на вакцината се водат билатерални преговори со производителите, но и преговори во рамките на иницијативата Ковакс.

– Овие преговори се интензивни. Имаме договори со сите производители и сите земји што нудат вакцина, изјави Боровиниќ Бојовиќ, на презентацијата на Националната стратегија за имунизација против новиот вирус.

– Се надевам дека вакцинацијата ќе почне на крајот на јануари или почетокот на февруари, но сега не можам да кажам конкретен датум.

Таа ги повика граѓаните на државата да бидат трпеливи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот